Идната година Земјата добива сопствена „црна кутија“

- Advertisement -

Неуништлива „црна кутија“ ќе биде изградена на гранитна површина на западниот брег на Тасманија во австралија на почетокот на идната година. Нејзината мисија ќе биде да го сними секој чекор на човештвото кон климатсата катастрофа, што ќе овозможи запис за идните цивилизации кои врз основа на таа кутија ќе разберат што е причината за исчезнувањето на нашата цивилизација, пренесува австралиската телевизија ABC.

Овој проект го предводи компанијата за маркетинг-комуникација Clemenger BBDO во соработка со научници од Универзитетот Тасманија и моментално се наоѓа во бета фаза, а податоците за чекорите кои водат до климатска катастрофа веќе се собираат на интернет-страницата на тој проект.

- Advertisement -

„Црната кутија“ која ќе биде изградена ќе биде монолит со големина на градски автобус направен од 7,5 см дебел челик со соларни панели на врвот. Во монолитот ќе бидат сместени дискови за складирање податоци, кои ќе собираат податоци за климатски промени како што е нивото на јаглерод диоксид во атмосферата и просечните температури. Освен тоа, користејќи алгоритам, ќе се пребарува на интернет за објава на социјални мрежи и вести врзани за климатските промени.

Креаторите на проектот проценуваат дека меморијата во дисковите ќе биде дополнета со податоци во наредните 30 до 50 години, па затоа планираат и да го прошират капацитетот за складирање за да овозможат долгорочно решение.

- Advertisement -

Не е сосема јасно како ќе се одржува тој проект, односно како ќе се менуваат неговите соларни панели пред пропаста на човештвото, колку добро ќе се држат дисковите за скалдирање податоци после децении работа и колку монолиттот ќе биде отпорен на вандализам и саботажа.

(CNET)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -