Во Швајцарија е одобрена првата капсула за еутаназија

- Advertisement -

Капсула наменета за асистирано самоубиство доби одобрение во Швајцарија, а нејзиниот креатор верува дека треба да биде спреман за употреба во земјата веќе наредната година.

Еутаназијата е легална во Швајцарија, а во 2020 година таа можност ја искористиле 1.300 луѓе, покажуваат податоците на двете главни организации во земјата за асистирано самоубство.

- Advertisement -

Меѓутоа, д-р Филип Ничке, креаторот на капсулата, го дизајнирал својот нов изум со Sarco со 3Д печатење, а тоа нуди поинаков пристап. На клиентите им се гарантира брза и мирна смрт без никакви хемикалии.

Капсулата ја реализира својата цел така што се полни со азот, со што брзо се намалува концентрацијата на кислород. Капсулата делува така што предизвикува чувство на дезориентираност, а лиѓето внатре може да почувствува и блага еуфорија пред да ја изгуби свеста. Д-р Ничке тврди дека смртта настапува после 30 секунди и дека нема ниту паника, ниту чувство на гушење.

- Advertisement -

Исто така, капсулата се активира одвнатре, што значи луѓето сами можат да притиснат на копче кога ќе бидат подготвени. Капсулата е преносна и може да се транспортира каде било.

Правната проверка на капсулата е комплетирана и може да се корист без проблеми. Третиот прототип на капсулата Sarco моментално се прави со помош на 3Д печатење во Холандија и треба да биде оперативен во Швајцарија во 2022 година.

- Advertisement -

Д-р Ничке минатата година изјави дека сака бесплатно да ја отстапи оваа технологија, па така програмата за 3Д печатење на капсулата ќе биде бесплатно достапна онлајн.

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -