Претставена првата 3Д печатена куќа во Србија

- Advertisement -

Првата 3Д печатена куќа ProtoDom во источна Европа, која ја направија двајца луѓе и една машина за само 21 час и 15 минути, премиерно беше претставена во Научо-технолошкиот парк Чачак.

Како што соопштија од паркот и производителот на 3Д печатената куќа, компанијата Natura Eco, куќата е подготвена за живот и нуди апсолутна сигурност затоаншто тестирањата се правени во соработка со Градежниот факултет при Универзитетот во Белград и покажале дека куќата е отпорна на ветрови, земјотреси и на други непогоди.

- Advertisement -

„Важна предност на ваквата технологија е и брзината на градење затоа што целата работа на печатената куќа тече симултано – и вградувањето на цевките, инсталацијата, столаријата, па нема губење време, а количината отпад е еднаква на 0 затоа што однапред се знае точната количина материјал. поголема е и сигурноста на работнциите на градилиштето“ изјави генералниот директор на Natura Eco, Никола Ракиќ.

„Компанијата Natura Eco претставува еден од најсветлите примери како во една мала средина може да се развијат иновации со светски потенцијал“ изјавија од Научно-технолошкиот парк Чачак и дека очекуваат уште поголеми резултати во наредните години.

- Advertisement -

Во соопштението наведуваат и дека се прогнозира вредност на пазарот за 3Д печатење до 2027 година на светско ниво до неверојатни 40 милијарди долари.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -