Во Бања Лука се отвора научно-технолошки парк

- Advertisement -

Градот Бања Лука подготвува проект за нов научно-технолошки парк, кој ќе биде зона за развој на нови информатички технологии и креативни индустрии. На отворањето на дводневната конференција „Forward“ за значењето на дигиталната трансформација и концептот на паметни градови, која почна во Бања Лука, беше истакнато дека градот има интерес да развива една ваква зона, која би била актрактивна за домашната, пред се за работната сила, која би останала на тие простори, би заработувала добро и би работела за која било компанија од целиот свет.

Како што наведуваат ог градот, досега давале целосна поддршка за Иновацискиот центар центар на Бања Лука и доделиле простор за стартап компании. „Имаат на располагање проширен капацитет и зголемен простор. Меѓутоа, тоа уште не е доволно ако размислуваме стратешки. Затоа го стартуваме овој нов проект, кој сметаме дека е исклучителна шанса за стартап компаниите“ додаваат од Градот.

- Advertisement -

Бања Лука во својата стратегија за развој како една од четирите цели го има поставено развојот на паметен град, што значи развој на дигитални платформи и технологии во сите сегменти – од електронска управа и администрација, до комунални услуги, сообраќај и сл.

Сподели!
- Advertisement -