Илон Маск вели дека првиот Cybertruck ќе вози дијагонално како рак

- Advertisement -

Илон Маск повторно н својата најомилена платформа објави нови детали за неговиот долго очекуван пикап автомобил Tesla Cybertruck. Во повеќе твитови извршниот директор на Tesla и SpaceX откри дека првиот модел на Cybertruck ќе има четири мотори, што не беше најавено на почеток.

Кога Tesla прв пат му го претстави Cybertruck на светот во 2019 година, од компанијата тврдеа дека возилото ќе нема повеќе од три мотори. Но, Илон Маск рече и дека прозорците на пикапот нема да може да се кршат неколку моменти пред да се распарчат на стотици парчиња на бина.

- Advertisement -

Сега Маск напиша дека првите модели ќе имаат варијанта со четири мотори, со независна контрола на секое тркало. Маск напиша и дека четирите мотрои со независна контрола ќе му овозможат на автомобилот да вози дијагонално како краба. Исто така, ќе може едната страна да вози напред, додека другата вози наназад.

Што се однесува на тоа кога луѓето ќе можат конечно да купат Cybertruck, уште не е познато, иако веќе имаат импресивна бројка резервирани автомобили досега – дури 1,2 милиони, кои вредат над 80 милијарди долари.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Tesla)

Сподели!
- Advertisement -