Инвестициска конференција – Развој на првата „зелена“ економска зона Гевгелија

- Advertisement -

Инвестициска конференција – Развој на првата „зелена“ економска зона – Гевгелија ќе се одржи денеска во Скопје во организација на ТИРЗ.

ТИРЗ заедно со меѓународните партнери „Дилојт“ изработи студија на изводливост која нуди нови инвестициски модели и можности за инвестирање за широк опсег на индустрии.

- Advertisement -

– Во согласност со новиот концепт на ТИРЗ за привлекување инвестиции, индустриската развојна зона Гевгелија ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии во согласност со зелената агенда на ЕУ, а покрај производствените компании во зоната ќе има можности за инвестиции поддржани од државата во секторот на здравствени услуги, се вели во соопштението од ТИРЗ.

Ова, како што посочуваат, е дел од новиот пристап за развој на ТИР Зоните, а зоната во Гевгелија е пилот модел по кој ќе се развиваат и други вакви индустриски зони низ земјата.

- Advertisement -

Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -