Маск откри кога ќе почне да вградува микрочипови на луѓе

- Advertisement -

Сопственикот на компанијата Tesla и еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, изјави дека се надева оти неговата компанија Neuralink идната година ќе почне во вградување микрочипови во луѓе. Компанијата Neuralink е основана во 2016 година и таа се занимава со развивање на чипови (мозочни импланти) со кои ќе биде овозможена комуникација со компјутери и кои ќе поттикнат мозочна активност.

Првичната цела на компанијат била да се утврди како итерфејсите мозок-компјутер може да помогнат во ублажувањето на симптомите кај хроничните болни, вклучувајќи ги и тие со епилепсија. Сега целта на компанијата е развој на интефејс кој ќе овозможи поврзување на луѓето со компјутери. Ова, пред се, се однесува на луѓето кои боледуваат од парализа и кои на тој начин би можеле да комуницираат преку телефон или компјутер. Маск образложи дека системот може да се користи за лекување на Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест, како и за зачувување на мозочните функции.

- Advertisement -

Neuralink добро функционира кај мајмуните и тестовите покажуваат дека е многу безбеден и лесно може да се отстрани. Маск додаде и дека се надева дека ако добие дозвола од регулаторите, уредот ќе биде испробан на луѓе идната година. Тој пишуваше и на Twitter на таа тема.

„Поголем развој очекуваме кога ќе имаме уреди во луѓе идната година (тешко е да се разговара со мајмуни)“ напиша Маск на својот профил на Twitter.

- Advertisement -

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -