Јапонски милијардер со руска ракета стигна на Меѓународната вселенска станица

- Advertisement -

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава стаса во средата на Меѓународната вселенска станица (ISS) во руската ракета, означувајќи го враќањето на Русија во ткн вселенски туризам по децениското паузирање и почетните тешкотии.

Овој сектор во кој предничат американските приватни компании, во прв ред „Space-X“ на милијардерот Илон Маск, повторно е во интересот на Москва и може да биде извор на заработка.

- Advertisement -

Контроверзниот јапонски милијардер Јусаку Маезава, неговиот помошник и филмски продуцент Јозо Хирано и рускиот космонаут Александар Мисуркин кој управуваше во вселенскиот брод, стасаа на ISS во 17,11 часот по средноевропско време, покажуваат снимките на руската вселенска агенција Роскосмос.

Ракетата „Сојуз МС-20“ се сппоила со орбиталната станица во 14,40 часот, шест часа по полетувањето од рускиот космодром Бајконур во Казахстан.

- Advertisement -

„Сонот станува стварност“, напиша на Twitter претпладнето пред полетувањето Маезава.

Престојот на двајцата вселенски туристи во орбиталната станица ќе го снима Хирано за YouTube каналот на Маезава. Пред нив двајцата, во 1990 година во советско-руската вселенска станица „Мир“ престојуваше јапонски новинар.

- Advertisement -

Милијардерот изјави дека во Вселената „мора да изврши сто задачи“. Космонаутот Мисуркин, пак, планира да одржи „пријателски“ турнир во бадминтон во бестежинска состојба со своите колеги.

Секторот на приватните комерцијални вселенски летови, кој се чини е многу вносен, моментално е во полет по неодамнешните влегувања во трката на компаниите на американските милијардери Илон Маск „SpaceX“ и на Џеф Безос „Blue Origin“, како и на британскиот Ричард Брансон „ Virgin Galactic“.

По десетгодишната пауза, поради зафатеноста со пренесувањето на американските и европските астронаути по прекинот на американската шатл програма, што исто така носеше голема заработка, летот во средата го означува враќањето на Роскосмос во трката.

„Нема оваа сфера (вселенскиот туризам) да им ја препуштиме на Американците. Подготвени сме за борба“, изјави во средата директорот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин.

Роскосмос во октомври на ISS ги испрати актерката Јулија Пересилд и режисерот Клим Шипенко, кои таму го снимаа првиот долгометражен филм во Вселената во историјата, а за таков потфат се подготвува и холивудската ѕвезда Том Круз.

Сподели!
- Advertisement -