Идната недела Oppo дополнително ќе ја заостри конкуренцијата на пазарот за флексибилни телефони, каде што моментално доминира Samsung. Еден од водечките луѓе на Oppо, Пит Лау, на блог го најави моделот Find N, а на Twitter е објавено и кратко видео од телефонот. Неговото официјално претставување е најавено за 15 декември.
Во својата објава на блогот Лау призна дека другите компании ги престигнале со своите флексибилни телефони, но нагласи дека не сакале да брзаат да ги следат трендовите затоа што првите телефони со флексибилен екран секако не биле издржливи, ниту нуделе добро корисничко искуство за да бидат прифатени од мнозинството.
Наместо тоа, одлучиле да почекаат и да ја доразвијат технологијата. Како што тврди Лау, успеале во тоа и идната среда ќе ги дознаеме сите детали за телефонот. Неговиот развој траел четири години, а првата генерација прототипови била готова уште во 2018 година.
Од видеото на Тwitter може да се види дека Find N ќе биде сличен на Samsung Galaxy Foldu, што значи ќе има надворешен екран кој ќе се користи како класичен смартфон, но ќе може да се отвори и да се претвори во таблет.
This is the exquisitely engineered #OPPOFindN.
Hold. Fold. Enjoy. Repeat.
Coming December 15. #OPPOINNODAY2021 pic.twitter.com/LVZKNgYiAv— OPPO (@oppo) December 9, 2021
(Zimo)
(фото: Oppo)