Нов систем од камери ќе им помага на возачите да останат будни додека возат

- Advertisement -

Додека возите автомобил секое губење на фокусот може да биде опасно. Сите пречки како користењето мобилен телефон, пушењето цигари, слушањето музика или јадењето се причина за до 30% од сообраќајните незгоди, додека 20% од незгодите се последица на уморот на возачот, покажуваат податоците на Европската комисија.

Поради тоа до 2022 година новите безбедносни технологии ќе станат задолжителни во сите нови европски возила. Вosch, познатата германска компанија за инженеринг и технологија, се позиционираше како главен доставувач на оваа технологија и овој месец објави дека развила систем за следење на внатрешноста на возилата кој ги детектира поспаните и растроени возачи.

- Advertisement -

Технологијата која ќе почне да се вградува во возилата од 2022 година користи камери и вештачка интелигенција за да открие кога очните капаци на возачот му стануваат „тешки“, кога возачот гледа во телефон или се врти кон некој од патниците.

Алгоритмот е наместен така да користи снимки од реални ситуации во возењето и да го проценува заморот на возачот во зависност од неговите очни капаци и брзината на трепкање на очите. Врз основа на тие параметри може да се препознае дали возачот е уморен или не. Тогаш системот може да ги предупреди возачите, да им препорача пауза или дури да реагира за намалување на брзината на возење. Предупредувањето може да е во форма на звук, светло или дури вибрации на воланот во зависност од желбите на возачот.

Сподели!
- Advertisement -