WhatsApp тестира плаќање со криптовалути во САД

- Advertisement -

WhatsApp лансираше нова пилот програма која на ограничен број луѓе во САД им дозволува да примаат и да праќаат пари преку чет користејќи криптовалути.

Новата опција е овозможена со Novi, дигиталниот паричник на Meta кој беше лансиран како пилот верзија пред околу два месеци. Плаќањето во тој паричник се врши со пакс долари, криптовалута врзана со американскиот долар, а ја издава Paxos.

- Advertisement -

Според информациите на интернет, плаќањето во WhatsApp функционира исто како другите додатоци. До опцијата се пристапува преку посебна икона, а потоа од менито што ќе се појави се избира Payment.

Како што наведуваат од компанијата, не се плаќа ништо за испраќање/ примање пари, нема ограничување на сумата и колку често може да се праќаат пари, а не се плаќа такса ни за чување сметка на Novi ни за повлекување на парите. Притоа, трансферот на пари се врши моментално.

- Advertisement -

(The Verge)

Сподели!
- Advertisement -