Ерменија дозволи отпуштање на невакцинираните работници

- Advertisement -

Парламентот на Ерменија усвои закон кој на работодавците ќе им овозможи да отпуштаат работници кои одбиваат да дадат доказ за вакцинација против кјорона вирусот или негативен резултат на тест. Ерменија има една од најниските стапки на вакцинација во регионот Кавказ, а новиот закон доаѓа после августовската наредба вработените секои две недели да мора на работодавците да им доставуваат доказ за вакцинација или негативен PCR тест за да не бидат казнети.

Владата денес наведе дека работодавците кога работникот нема да поднесе доказ за вакцинацијата или негативен резултат на тест имаат право да го тргнат од работното место, да му ја суспендираат платата или да го отпуштат, ако поради таа причина отсуствувал од работа 10 дена.

- Advertisement -

Новиот закон не се однесува на претседателот на државата, на премиерот, на членовите на парламентот, на омбудсманите, на судиите на уставниот суд и на многу други функционери. Ерменија почна кампања за масовна вакцинација во април, а властите планираат да вакцинираат 700.000 од 2,9 милиони жители до крајот на годината.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -