Првата апликација за витуелна реалност на Facebook сега е отворена за сите и бесплатна

- Advertisement -

Откако го смени името во Meta компанијата претходно позната како Facebook го отвори својот прв проект за сите возрасни над 18 години возраст во САД и во Канада. Во најавата на нивната веб страница Meta напиша дека платформата за виртуелна реалност која минатата година беше најавена во бета верзија сега е бесплатно достапна за сите.

Претходно компанијата најави дека се ребрендираат со цел да изградат еден мета универзум, односно виртуелен свет каде што корисниците ќе можат да комуницираат меѓусебе и да играат игри. Meta бара 10.000 инженери кои ќе ги изградат алатките на мета универзумот, каде што корисниците ќе можат да се претворат во креатори и дури да градат сопствени игри со користење на мостри и упатства на Meta.

- Advertisement -

Со цел да ги охрабри креаторите на новата платформа Meta го најави фондот Creator Fund вреден 10 милиони долари уште во октомври, а кон крајот на овој месец ќе бидат објавени добитниците на натпреварот Creator Competition.

Horizon Worlds е достапна само преку уредите Quest VR кои ги прави компанијата. кога ќе биде симната, корисниците може да влезат во мета светот, каде што аватарите лебдат наоколу без нозе.

- Advertisement -

Meta исто така состави и пправила за однесување за својот виртуелен простор, кои корисниците треба да ги прочитаат и да ги следат, а ако лебдечките аватари се премногу за некого, може да се вратат во Safe Zone и да ги блокираат, да го исклучат звукот или да пријават некои други играчи.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -