Австрискиот парламент усвои одлука со која се овозможува еутаназија на тешко болните лица. Според новиот закон, кој е усвоен на препорака на Уставниот суд, усмртувањето на некои луѓе на нивно барање останува забрането, но затоа се овозможува давање помош при умирањето.
Тешко или неизлечиво болните лица, кои се полнолетни и се во состојба да носат одлуки, добиваат можност да побараат помош во ставањето крај на нивниот живот.
Предуслов за да добијат таква помош е лицето кое сака да умре да е целосно информирано за се од страна на лекарите и да е утврдена болеста и ситуацијата.
Покрaj тоа, мора да биде потврдено од страна на уште еден лекар дека лицето во тој момент е при полна свест и во состојба да носи одлуки.
(Bizlife)
(фото: Flickr)