ЕЦБ очекува инфлацијата следната година да падне под 2 отсто

- Advertisement -

Новите прогнози на Европската централна банка покажуваат дека инфлацијата ќе остане под целта од 2 отсто и во 2023-та и во 2024-та година, изјави пред „Bloomberg“ претставниците на институцијата запознаени со ова прашање. Ова и дава аргументи на менаџерката Кристин Лагард да го продолжи отпорот против зголемувањето на каматните стапки.

- Advertisement -

Иако растот на потрошувачките цени за следната година ќе биде над проектираните 2,2% во септември, тој потоа ќе забави, велат извори кои побараа анонимност бидејќи податоците се сè уште доверливи.

Прогнозите, кои за прв пат ја покриваат 2024-та година, се клучен фактор во обликувањето на патеката на политиката на ЕЦБ по пандемијата. Сепак, прогнозите не се официјални додека не бидат објавени по седницата на УО во четврток.

- Advertisement -

Портпаролот на ЕЦБ одби да коментира за „Bloomberg“.

Претстојниот 16-ти состанок веројатно ќе биде еден од најважните откако Лагард ја презеде функцијата во 2019-та година. Раководството на банката разговара за можни промени во купувањето средства и како да продолжи по завршувањето на нејзината вонредна програма за купување обврзници во март.

- Advertisement -

Повеќето економисти не очекуваат зголемување на каматните стапки најрано пред 2023-та година, а пазарите се обложуваат на зголемување од 10 базични поени во декември 2022-ра година.

Лагард се обидува да ги убеди инвеститорите да не очекуваат акција толку рано, тврдејќи дека моменталниот врв на инфлацијата е само привремен. Во моментов поскапувањето е 4,9%.

Сепак, аргументот на Лагард може да зависи од тоа колку ниски се целите. Колку е поблиску нивото од 2 проценти, толку полесно може да се зголеми тензијата од притисокот на цените.

Според еден извор, прогнозата ќе покаже дека инфлацијата е само малку под целта во 2023-та и 2024-та година и не ги зема предвид елементите што би можеле да ризикуваат забрзување. Такви фактори се трошоците за домување на сопствениците – нов фактор во пресметката, како и голем број најавени, но сѐ уште не воведени мерки, како што е зголемувањето на минималната плата за 25 отсто во Германија, вели изворот.

(Denar.mk)

Сподели!
- Advertisement -