Новиот оперативен систем на Google, Android 12, веќе стигнува до сите уреди, а компанијата сега ја најави и Android 12 Go Edition. Станува збор за за оперативен систен кој стигнува на уредите во 2022 година, а кој ќе ги направи поевтините уреди побрзи до 30% побрзи. Тоа е додаток н авеќе овозможеното подобрување со претходниот Аndroid 11 Go Edition. Компанијата потврди и дека „испеглала“ некои анимации.
Доколку просторот на телефон е проблем, новата функција ќе ја штеди батеријата така што ќе овозможи апликации во хибернациски мод, односно нои кои кориснкот не ги употребува често .Освен тоа, ќе може да се користи за безбедно отстранување нешто. Во меѓувреме, опцијата Nearby Share овозможува чување податоциу со трансфер меѓу уреди. Покрај тоа, доколку корисникот некогаш има потреба од превод на веб страница, тоа ќе го направи брзо и лесно.
Освен перформансите, Android 12 Go Edition носи и подобра заштита на приватноста. Контролната плоча ќе овозможи преглед ан сите дозволи за инсталирани апликации, како и нивно повлекување ако е потребно. Ќе биде можно и да се провери дали камерата и микрофонот се активни благодарение на новите индикатори на приватноста, кои се наоѓаат на статус лентата.
ако корисникот му дозволи некому да го користи неговиот уред, ќе може да отвори привремен профил директно од заклучен екран. Android 12 Go Edition автоматкси ќе го ресетира модилниот телефон кога привремениот корисник ќе заврши со користење.
Google соопшти дека повеќе од 200 милиони луше во светот користат Android Go Edition, што воопшто не е лошо ако се земе предвид дека е присутен од 2017 година досега.
(Klix.ba)
(фото: Google)