Илон Маск може да стане најголемиот даночен обврзник во САД даноци

- Advertisement -


Откако беше критикуван затоа што не ги плаќал своите даноци, Илон Маск може да стане дел од историјата на САД така што ќе стане најголемиот даночен обврзник во една финансиска година. Прад само неколку дена тоа го изјави самиот Маск на Twitter.

Како и повеќето милијардери во САД, Илон Маск беше обвинуван за избегнување даноци. Едно истражување покажа дека Маск платил 455 милиони даноци од 2014 до 2017 година, додека неговото лично богатство пораснало за 13,8 милијарди долари. Маск целосно престанал да плаќа даноци во 2018 година затоа што не добивал плата од ниедна од своите компании, туку имал само акции.

- Advertisement -

Минатиот месец Маск направи анкета на Twitter со цел да ги снема обвинувањата дека не плаќа даноци. На анектата Маск предложи да продаде 10% од акциите во Tesla за да полати даноци и почна да ги продава акциите веднаш откако твитерашите одговорија со „ДА“. Според моментални даночни стапки во САД, Маск должи околу 8,3 милијарди долари. Џеф Безос плати околу 2,4 милијарди долари даноци за продажбата на 10% од неговите акции во Amazon минатата година.

Business Insider напиша дека Маск исто така треба да плати 842 милиони долари за данокот на доход за нето инвестиции и за неговата преселба од Калифорнија во Тексас, каде што Маск го продаде домот, ќе ги зголеми неговите даноци на речиси 3 милијарди долари.

- Advertisement -

Како што покажаа поднесените документи до Комисијата за размена и хартии од вредност, продажбата на некои од акциите била планирана, а иако Маск продаде дополнителни акции, се уште тоа е нешто над 3% од тоа што посеудва Маск. Извршниот директор на Tesla има малку повеќе од 14 дена за да ја достигне таа бројка од 10% која ја вети на Twitter. Ако тој успее да го направи тоа, неговите даноци дефинитивно ќе се зголемат.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -