Успешно трансплантирани свински бубрези на човек

- Advertisement -

Хирурзи на Институтот за трансплоантација Лангон при Њујоршкиот универзитет успеаја да пресадат бубрези од генетски модифицирана свиња на чове.к Оваа трансплантација следува речиси два месеци после првиот обид да се направи тоа.

Само во САд повеќе од 90.000 луѓе се на листа на чекање за бубрег кој може да им го спаси животот. Со цел да се намалат тие листи за чекање се преминува на ксенотрансплантација, односно органи од различни животински видови кои ги задоволуваат потребите на човечкото тело.

- Advertisement -

Компанијата Revivicor со седиште во Вирџинија користи генетски инженеринг за да направи мали промени кај донорите за трансплантираниот орган да не биде отфрлен од човечкото тело. Нивната генетски модифицирана свиња GalSafe ме го произведува шеќерот наречен алфа-галактоза, кој исто така го нема во човечкото тело.

Ако органот биде отфрлен од телото, имунолошкиот систем смета дека има присуство на странска материја и почнува напад на ткивото кое ја произведува. Бидејќи трансплантиораниот орган не го содржи тој шеќер, човечкиот имунолошки систем полесно го прифаќа.

- Advertisement -

Во октомври годинава истиот тим успешно ја тестираше оваа процедура на мртов човек, а сега истата процедура ја повторија на друг починат пациент, кој уште бил поврзан на вентилатор. Овој пат бубрегот бил набљудуван 54 часа. Во текот на тој период производството на урина и креатинин останало нормално во границите на дозволеното и не биле забележани знаци на отфрлање.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -