Голем интерес за онлајн-академијата: 20 жени ја почнуваат програмата за дигитален маркетинг на СЕДЦ

- Advertisement -

Ваквите академии се доказ дека учењето никогаш не треба да престане и дека немањето факултетска диплома од оваа област може да биде пречка за реализирање на животниот сон, вели Весна Иваноска, генерален менаџер на СЕДЦ

Дваесет девојки и жени од ранливи категории од цела Македонија деновиве ќе ја започнат Академијата за дигитални вештини, што ја организира Сеавус едукативниот и развоен центар од Скопје. Шеесетина кандидатки првенствено до 29 години се пријавија за онлајн-обуката. Проектот е дел од програмата RECONOMY, имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation, во партнерство со Impact foundation и други организации.

- Advertisement -

Весна Иваноска, генералната менаџерка на СЕДЦ вели дека е особено горда што за многу краток период успеале да допрат до голем број девојки и жени од ранливи категории, кои посакале да ја искористат можноста за да добијат стипендија за изучување на дигитален маркетинг.

Весна Иваноска

- Advertisement -

– Огромниот интерес што го добивме, со над 60 девојки/жени пријавени од цела Македонија, ни укажа дека го правиме вистинскиот чекор со овој пилот-проект и дека заедно со нашите партнери не смееме да застанеме овде. Треба заеднички да создаваме услови за што е можно поголемо усвојување на знаењето на дигиталните вештини, кои убаво отвораат врати за сите. Ваквите академии се доказ дека учењето никогаш не треба да престане и дека немањето факултетска диплома од оваа област не може да биде пречка за реализирање на животниот сон – вели Иваноска.

Во реализирањето на програмата на академијата, СЕДЦ ќе соработува со маркетинг-агенцијата Motion од Скопје. Образованието во основа е општествено-одговорна работа и сите ние на тоа треба така да гледаме. Кога велам сите ние, мислам на сите чинители во општеството, а не само на  академските институции кои задолжително вложуваат во истото, смета Иван Стаменов, ко-основач на Motion.

- Advertisement -

Иван Стаменов

– Водејќи се од оваа мисла, во нашата компанија одлучивме дека треба да се вклучиме во проект од ваква природа, зашто вложувањето во едукација е обврска која сакаме да ја преземеме и на некој начин да придонесеме кон индустријата и заедницата. Тука се роди и идејата за соработка со СЕДЦ како лидер во неформалното образование  кај нас со кои заеднички ја лансиравме овогодинешната програма на Академијата за дигитален маркетинг во чии рамки се случи и соработката со Impact foundation со чија помош ќе имаме чест и прилика да дадеме можност на повеќе девојки и жени од социјално ранлива категорија да се стекнат со соодветните вештини, потребни за еден дигитален маркетер денес – вели Стаменов.

Тој додава дека нивната идеја е значително да влијаат на зголемувањето на нивната конкурентност на пазарот на трудот овозможувајќи им да се стекнат со знаење и вештини од сферата на фриленсингот, сè со цел истите, по завршувањето на академијата  да можат веднаш да го вреднуваат својот труд и знаење како фриленсери во рамките  на интернационалниот пазар, но и кај нас.

Извор – умно.мк

Сподели!
- Advertisement -