-1.2 C
Skopje
недела, јануари 23, 2022

Поддршка за Стартапи од Западен балкан за пристап до над 30 инвеститори

Kabtel desktop

Програмата за инвестициска подготвеност за стартапи од Западен Балкан – Western Balkans Investment Readiness Program, таргетира  стартапи од целиот регион со амбиции за раст кои планираат да дојдат до инвестиција од Ангел инвеститори и VC фондови во 2022 година.

Стартапите од балканскиот регион се соочуваат со истиот предизвик – недостаток на приватен капитал (smart money) за експоненцијално  да ги развијат своите бизниси. Покрај недостатокот на доволен број на инвестицкиски фондови несомнен е предизвикот на стартапите добро да се подготват  за поцесот  пронаоѓање средства (fundraising ) и иницирање на инвестицискиот процес. Во 2021 преку партнерските органиации на SwissEP(Швајцарската програма за претприемништво) бевме сведоци за промена на како гледаат инвеститорите на стартапите од овој регион и потенцијалот на кој стартапите го имаат и од таму над 30 Инвеститори се дел од оваа програма.

За компаниите кои ќе се пријават на  Western Balkans Investment Readiness Program целта  е :

  • Да се подигне нивото на инвестициска подготвеност кај стартапите;
  • Да им се помогне на локалните стартапи да ја подготват својата документација за инвестицискиот процес;
  • Да се претстават стартапите на локални, регионални и меѓународни инвеститори.

Дизајнирана како мешавина од различни видови на поддршка: Едукативни спринтови,   менторство, експертски сесии, и практична работа со инвеститори и компании кои претходно добиле инвесиција, програмата има за цел да создаде пријателска и безбедна средина за основачите на технолошки стартапи да учат и да поставуваат прашања. Програмата е прилагодена за да ги опреми стартапите со потребните знаења, вештини и документи за да преговараат за нивниот следен круг на инвестиции.

Главни организатори на програмата се Швајцарската програма за претприемништво, во партнерство со Vestbee и локални партнери во екосистемот во Албанија (Women Founders Network Albania), Босна и Херцеговина (Start), Косово (Women Entrepreneurs Kosovo), Северна Македонија (Startup Macedonia), и Србија (Preduzimanje). Покрај овие, бројни организации за поддршка на стартап заедницата од пет земји од Западен Балкан кои исто така ја поддржуваат програмата се Coolab, UpLift, Hub 387, VentureUP, FITD, Seavus Accelerator, X Factor Accelerator, PrimePoint Partners, Nest, SEEU Tech Park, Digital Serbia Initiative.

На програмата и се приклучија најактивните инвеститори од Европа кои директно сакаат да инвестираат во компании во овој регион.

Апликациите за Програмата за инвестициска подготвеност во Западен Балкан се отворени до 27 декември. Апликантите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Стартапи со основачкиот тим со седиште во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија или Србија,
  2. Тимот развива технолошки производ (софтвер или хардвер) со фокус на деловни клиенти,
  3. Производот е лансиран на пазарот или тестиран со клиенти,
  4. Тимот бара инвестициски капитал помеѓу 100.000 и 1 милион евра,
  5. Стартап е подготвен да обврзе едно лице да учествува во програмата 8 часа неделно во текот на 6 недели.

Временска рамка на програмата:

  • 8ми – 27ми декември 2021 година – Период за аплицирање
  • 20ти до 21ви јануари 2022 година – Bootcamp за 50 избрани стартапи
  • 9ти февруари 2022 година – Објавување на 20 најдобри стартапи кои ќе ја продолжат програмата
  • 17ти февруари до 7ми април 2022 година – Шестнеделно инвестициско менторство и експертски сесии
  • 29-ти до 30 април 2022 година –  Инвестициски форум и Средби во живо со инвеститорите

За време на времетраењето на оваа програма, стартапите ќе имаат можност да работат со докажани експерти од различни области и секој стартап избран во Топ 20 ќе биде менториран од искусни инвеститори. На последниот настан на програмата, стартапите ќе можат да се сретнат со преку 30 инвеститори од целиот свет и да ги претстават своите бизниси.

Идејата зад програмата е едноставна – овозможувајќи им на стартапите да научат и да го подобрат својот бизнис и профил за добивање инвестиција. Во исто време, во таква поддржувачка и безбедна средина, стартапите се охрабруваат да се запознаат со инвеститори од целиот свет.

Ги покануваме сите стартапи да аплицираат и да научат како да добијат инвестиции и да го развијат својот бизнис.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!