Македонско-Американската Алумни Асоцијација ги додели наградите за повикот Дигитални ПОСТ-КОВИД решенија

- Advertisement -

Македонско Американската Алумни Асоцијација во соработка со Сеавус Акцелератор, а со поддршка на Американската Амбасада во Скопје официјално ги претставија победниците од повикот на тема: Надминување на последиците од КОВИД Пандемијата. Целта на повикот беше да се инспирираат младите креативци да дадат свој придонес во надминувањето на последиците од Ковид 19 преку сопствено оригинално дигитално решение кое адресира проблеми и прашања директно или индиректно предизвикани од пандемијата. Младите луѓе беа особено погодени од пандемијата, но од друга страна тие покажуваат и голема креативност и иновативност во изнаоѓање модели и начини за олеснување на тешкотиите поврзани со пандемијата.

На церемонија на доделување на наградите за најдобро дигитално решение за надминување на предизвици со пандемијата Ковид-19 присуствуваше и заменик шефот на мисијата на САД, Ерик Мејер. Импресиониран од иновативноста на концептите, тој подвлече дека младите во Северна Македонија се „подготвени да се натпреваруваат на глобално ниво, користејќи иновации, напорна работа и желба да се направи разлика“.

- Advertisement -

Трите победнички решенија кои добија парични награди во вредност од 3000 долари, 2000 долари и 1000 долари се следните: 

Првото место го освои тимот на Разговор.мк кој гради дигитален пазар за ментално здравје преку кои креира конекции помеѓу лиценираните психолози на платформата и луѓето на кои им е потребна поддршка за менталното здравје. За разлика од другите компании кои се фокусираат на тоа да му помогнат на корисникот да најде психолог, ние им помагаме на психолозите да го најдат својот клиент.

- Advertisement -

АМА (Artificial Medical Analysis) го освоија второто место. АМА е решенија за анализа на резултатите и унифицирање на методот за дефинирање на причината за смрта на ковид позитивни пациенти, НЛП анализа, машинско учење и анализа на извештаи за третман базирани на вистински случаи. АМА е технологија која се базира на методологија направена со помош на реални податоци од пациенти кои прележале ковид и/или како главна причина за смрт е одбран КОВИД-19. 

Третото место им припадна на Дигиталното решение Box2Help кое ќе овозможи хуманиот човек ќе може многу лесно да добие информација кому и како може да помогне, а како најголема предност е тоа што донаторот ќе може да заштеди многу време бидејќи во само 2 чекори ќе може да одбере пакет, да го плати и на крај истиот да биде доставен до избраното лице/семејство. Дополнително, преку вклучување на маркетите, рестораните и платформите за брза нарачка и достава на храна, ќе овозможиме простор за рекламирање на истите, со што и нивната продажба и визибилитет ќе се зголеми.

Сподели!
- Advertisement -