Кој има најбрз интернет и како е рангирана Македонија?

- Advertisement -

Брзината на интернетот е важна, особено во моменталната ситуација, кога многумина работат од дома.

Веќе извесно време интернетот не се смета за луксуз, туку за основна потреба во развиените земји. Но, какви се брзините на интернетот во другите земји, вклучително и Македонија?

- Advertisement -

Во моментов, во време на актуелна пандемија на коронавирус, интернетот стана неопходен, бидејќи многумина прибегнуваат кон работа од дома како превентивно решение.

Дополнително, голем број луѓе се информираат за најважните информации преку интернет, а често се случува најактуелните информации прво да се појават на интернет, а дури потоа на ТВ и другите медиуми.

- Advertisement -

Побрз интернет значи подобра продуктивност на работа, можност за побрзо информирање и поврзување со другите, подобра интеракција со забавни содржини и игри…

Speedtest редовно ја следи брзината на интернетот низ целиот свет и објавува месечни извештаи. Нивното најактуелно истражување е за ноември и нуди јасна слика за брзината на интернетот во областа.

- Advertisement -

За корисниците во Македонија најинтересни се секако податоците за постигнатите брзини кај нас. Така, мобилниот интернет во Македонија е рангиран на 29-то место (со пад од едно место во однос на истиот месец минатата година). Просечната брзина на мобилниот интернет во ноември, според Speedtest, во Македонија била 48,49 Mbps.

Кога станува збор за брзината на широкопојасен интернет, Македонија е рангирана на 101-то место во ноември (со пад од едно место), со просечна брзина на интернет од 27,77 Mbps.

Што се однесува до околните земји, Хрватска апсолутно доминира во однос на брзината на мобилниот интернет. Во оваа земја корисниците бележат просечна брзина од 74,64 Mbps на своите телефони (15 место). Позади Македонија (29 место) се Словенија(35 место), Албанија(40 место), Србија(43 место), Црна Гора(52 место).

Состојбата со брзините на широкопојасен интернет е нешто поинаква, па во ноември Хрватска е зад Србија (на 80-та позиција со брзина од 38,87 Mbps).

На прво место по брзина на мобилен интернет за ноември се Обединетите Арапски Емирати (136,42 Mbps), додека Сингапур има најбрз широкопојасен интернет (184,65 Mbps).

Целосното рангирање, како и брзините снимени од Speedtest, можете да ги видите тука.

Извор – Vrabotuvanje.mk

Сподели!
- Advertisement -