Онлајн предавање за создавање одржлив финансиски концепт на компаниите

- Advertisement -

Како да се стигне до добро буџетирањето и управување со побарувањата, кешот и ликвидноста, зошто е важна финансиската дисциплина за македонските компании, кои процеси се ефикасни за управување со обврските и долговите во бизнис секторот, кои се клучните индикатори за анализа на финансискoто здравје на компаниите и што промени пандемија од Ковид -19 во работата на бизнис секторот, се темите и прашањата на кои ќе се даде одговор на онлајн вебинарот за одржлив финансиски концепт.

Вебинарот во организација на Бизнис конфедерација на Македонија ќе се одржи на 24.12.2021 (петок) со почеток во 10 часот преку ZOOM платформата. Наменет е за сопствениците, менаџерите и управителите на микро, малите, средните и големите компании а едукативните теми нудат потврдени искуства и знаење за создавање одржлив финансиски концепт и подобра солвентност на компанијата.

- Advertisement -

„Со целото свое искуство и знаење за добро управување на своите компании, сепак менаџерите е добро да се стекнат и со нови техники и вештини како да се постигнат најдобрите резултати и навремено да се исполнат сите административни обврски на компаниите. Затоа овој вебинар е создаден преку темите да ги таргетира најслабите и најпроменливите аспекти во работењето на една компанија. Ова е една ретка можност одблиску да се дознаат нови техники за финансиска одржливост пренесени од познавачи на најновите тенденции и трендови во ефективни водење бизнис“, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија.

Предавањата на вебинарот ќе бидат реализирани од страна на искусни професионалци и експерти од деловното работење, д-р Борче Треновски, професор на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и д-р Златко Поповски од компанијата Ролсофт.

- Advertisement -

Заинтересираните може да се регистрираат на линкот: https://zoom.us/meeting/register/tJcof-2sqz4jHtdAF6WLkJKUHY7lVKOdQgDD

Овој вебинар е реализиран со поддршка од проектот на Меѓународната организација на трудот, „Зајакнување на социјалниот дијалог“, финансиран од Европската Унија.

Сподели!
- Advertisement -