Колосална фарма на ветар со капацитет од 1.3-GW почна со работа. Тоа е најголемата фарма на ветар на вода и ќе бид целосно оперативна во 2022 година.
Данската енергетска компанија Orsted најави дека фармата на ветар Hornsea 2, која се наоѓа северно од брегот на Шкотска, ги произведе првите количини енергија.
Hornsea 2 ќе биде најголемата функционална фарма на ветар на вода во светот кога ќе почне да равоти со полн капацитет во 2022 година, велат од Orsted. Фармата на ветар е лоцирана на околу 90 км од брегот на Шкотска и покрива површина од околу 462 км².
Според Orsted, фармата на ветар ќе користи вкупно 165 турбини кога ќе работи со полн капацитет и ќе произведува над 1,3 гигавати. Тоа значи дека Hornsea 2 и 1 заедно ќе можат да произведат доволно струја за 1,3 милиони домови. Фармата Hornsea 1, пак, се наоѓа северно од брегот на Јоркшир, Обединето Кралство, и има вкупе капацитет од 1,2 гигавати.
Како што велат од Orsted, сепланира изградбата и на Hornsea 3 и Hornsea 4 и колективно сите проекти ќе дадат значителен придонес за остварувањето на целта Обединетото Кралство до 2050 година да користи само обновлива енергија.
(Interesting Engineering)
(фото: Pixabay)