300 Данци одат во затвор на Косово, а Данска за тоа ќе плати 210 милиони евра

- Advertisement -

Косово се сложи Данска да изнајми 300 затворски ќелии за да се ублажи преполнетоста на затворите во земјата. Данска ќе плаќа годишен надомест од 15 милиони евра за почетен период од пет години, а исто така ќе помогне во финансирањето на зелената енергија во тој период. .

Изнајмените ќелии се наменети за сместување на осуденици од земјите кои не се членки на ЕУ, кои ќе бидат депортирани од Данска по изрекувањето на казната.

- Advertisement -

Данските закони би важеле за сите затвореници во изнајмените ќелии. Косово има од 700 до 800 неискористени затворски простори, пренесува BBC.

Двете вади пoтпишаа политичка декларација за намерите кои ќе важат за почетниот период од пет години. Вкупно Косово треба да добие вкупно 210 милиони евра во наредните 10 години за изнајмување на затворот во Гнилане, околу километар од главниот град Приштина, од 2023 година.

- Advertisement -

Затворениците кои ќе се испраќаат на Косово нема да бидат високоризични затвореници. Секој што е осуден за терористички дела или со неизлечива болест нема да биде испратен на Косово.

Затворската популација во Данска порасна последните години, додека бројот на затворски чувари падна. Од 2015 година бројот на затвореници порасна од 3.400 на 4.200, додека бројот на затворски чувари падна од 2.500 на 2.000.

- Advertisement -

(Nova.rs)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -