Шведска преселува еден цел град од север на исток

- Advertisement -

Во Кируна, најсеверниот шведски град, зграда по зграда жителите се принудени да се селат. Целиот град се евакуира околу 4 км на исток поради геолошката нестабилност на регионот, која е се поизвесна поради се пообемните рударски активности. Шведскиот град е стар околу 125 години и никнал околу рудник за железо кој го носи истото име како градот.

Официјалниот процес на релокација почна во 2018 година после децении преговори со државната рударска компанија LKAB. Било договорено некои од структурите да се подигнат и да се релоцираат, додека другите ќе мора да се срушат и да се реконструираат.

- Advertisement -

Во градот има и околу 20 историски градби кои целосно ќе бидат релоцирани на новата локација, која е планирано да биде отворена до 2035 година. Околу 6.000 жители ќе мора дотогаш да живеат на друго место.

Како изгледа преселбата на цел еден град можете да видите од видеото во прилог.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -