Русија во петокот донесе одлука Google и Metа да г казни со рекордни парични казни од 87, односно 23 милиони евра затоа што не ги отстраниле забранетите содржини, што е знак за се поголем притисок врз технолошките гиганти во земјата.
Последната година руските власти непркинато ја засилуваат контролата над интернетот, односно последниот простор каде што може релативно слободно да се движи по Кремљ. Властите таму редовно казнуваат некои големи дигитални компании, особено странски, кои се обвинети дека не ги избришале содржините кои се проценети за опасни по малолетниците.
Казните од 87 милиони евра, односно 23,8 милиони евра за Google и Metа се најголеми досега. Московскиот суд наведе дека калифорниските гиганти се прогласени за виновни за рецидивизам. По прв пат им е одредена парична казна врз база на нивните примања во Русија.
Рускиот државен регулатор за комуникации, Роскомнадзор, во соопштението наведе дека забранетите содржини предизвикувале верска омраза, содржеле непроверени или опасни информации за малолетниците или поттикнувале на терористички или екстремистички организации.
Според роскомнадзор, социјалните мрежи Facebook и Instagram (кои се во сопственост на Metа) се уште нудат над 2.000 забранети содржини во Русија, а на Google има над 2600 такви забранети содржини.
(France Presse)
(фото: Wikimedia)