Lay’s создадоа јакни од кеси за чипс

- Advertisement -

Брендот на чипс Lay’s минатото лето во Холандија и Белгија лансираше лимитирана серија на чипси со вкусот на најпрепознатливите јадења на брендовите за брза храна KFCPizza Hut и Subway.

После одреден пробен период, фановите можеа да гласаат кој од вкусовите ќе остане во понудата на брендот и во иднина. Во Белгија победи чипсот со вкус на Pizza Hut, а во Холандија – вкусот на Subway.

- Advertisement -

Кампањата беше успешна, но, изборот им отвори и еден мал проблем на Lay’s – што ќе се прави со веќе спремните пакувања за вкусовите што не победија во соодветните држави?

Со помош на креативната агенција Fitzroy и модната куќа XPLCT Studios од Амстердам, одговорот на брендот беше да се направат „мускулести“ јакни со футуристички изглед.

- Advertisement -

Со цел дистрибуција на ваквите јакни на фановите од Белгија и Холандија, Lay’s ќе организира специјална наградна игра, односно лотарија преку својот веб-сајт.

а оние кои нема да успеат да добијат вистинска јакна, тоа ќе можат да го сторат виртуелно преку специјална „леќа“ на Snapchat.

- Advertisement -

Извор – Marketing365.mk

Сподели!
- Advertisement -