Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 % во однос на Одлуката од 13.12.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  не се менуваат, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,189 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,864 ден/кг. 

Од 21.12.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС – 95              73,00     (денари/литар)

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС – 98              75,00    (денари/литар)

- Advertisement -

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)          64,50     (денари/литар)

Масло за горење        Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)          64,00    (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                  39,864    (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,171% , кај дизелот има намалување за 0,742% , кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,223 % и кај мазутот намалувањето е за 0,487%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,102 %  . 

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.12.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 13.12.2021) се дадени во табела на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ www.erc.org

Сподели!
- Advertisement -