Стотици Дедомразовци трчаа на најзабавната скопска трка во годината

- Advertisement -

Скопскиот центар вчера се зацрвени од стотиците Дедомразовци од најразлични возрасти кои трчаа на најзабавната традиционална Дедомразовска трка. По една година пауза поради ковид кризата, натпреварувачите облечени во дедомразовски костуми и ја истрчаа патеката долга два километра.

- Advertisement -

Победникот, Миомир Алексовски, кој го освои првото место и на трката во 2019 година, смета дека ваквите настани претставуваат убав начин да се подигне предновогодишното расположение. Тој на присутните им посака многу здравје и побрз крај на пандемијата заради која подолг период не се одржуваа вакви позитивни настани.

Секогаш да се истрча и да се биде на првото место е успех пред сè за себе. Мојот мотив беше да ги израдувам моите најмили, најблиски. Ќерката имаше желба да се качи на подиум оваа година, па со неа ќе ја подигнеме првата награда“, рече Алексовски.

- Advertisement -

Патеката која почна и заврши на плоштадот “Македонија”, а ги заобиколуваше кејот, мостот “Слобода” кај “Холидеј Ин” и Камениот мост, имаа можност да ја истрчаат и учесници со своите деца и миленици.

Пред и по трката посетителите уживаа во музичка програма, а учесниците се загреваа со фитнес-инструктор.

- Advertisement -

Трката е во организација на здружението за спорт и рекреација “Прв до врв”, со поддршка на “Кока-Кола” и Градот Скопје.

(Meta.mk)

(фото: Meta.mk)

Сподели!
- Advertisement -