Apple подготвува телефон без ниеден отвор

- Advertisement -

Гласините за iPhone на кој нема да има никаков отвор за поврзување, ниту фиока за СИМ картичка прв пат се појавија пред неколку години, а изгледа дека Apple и понатаму размислува во тој правец. Првиот чекор во тој правец го направија кога ја донесоа контроверзната одлука да го исфрлат отворот за слушалки од телефоните, Многу корисници ги критикуваа, но на крајот испадна дека таа одлука воопшто не влијаеше на интересот за нивните телефони.

Понатаму, Apple и многу конкуренти веќе овозможуваат полнење на телефоните безжично, а Apple веќе најави дека работи на сопствен безжичен полнач. Кога ќе го претстават, можеме да очекуваме дека ќе го исфрлат и отворот за полнач.

- Advertisement -

Уште едно нешто што Apple може да го исфрли од своите телефони е фиоката за СИМ картичка. Наместо физичка картичка, iPhone би користел само eSIM, а таквиот модел можеме да го очекуваме на пазарот во 2023 година.

Во текот на изминатиот викенд на интернет се појавија гласини дека iPhone 15 може да биде првиот телефоно со поддршка само за eSIM и во него нема да може да се стави физичка картичка. Не е познато дали eSIM ќе имаат само Pro моделите или и обичните модели на iPhone. Дотогаш има доста време, па може да се сменат и плановите на Apple за eSIM.

- Advertisement -

Сепак, се упатува на тоа дека Apple полека се движи кон т.н. portless iPhone, односно телефон кој нема да има ниту еден отвор на него.

(GSM Arena)

- Advertisement -

(фото: Slashgear)

Сподели!
- Advertisement -