Паметен прстен ги следи сите хронични болести

- Advertisement -

Здравствената технолошка компанија Movano на претстојниот CES 2022 саем ќе го претстави својот производ наречен Movano Ring. Станува збор за паметен прстен наменет за следење на здравјето.

Movano Ring ги основните метрики, вклучувајќи го срцебиењето, варијабилноста на срцевиот ритам (HRV), сонот, дишењето, температурата, нивото на кислород во крвта, направените чекори и потрошените калории.

- Advertisement -

Меѓутоа, наместо само база на податоци, од Movano велат дека ќе откријат како метричките податоци меѓусебно се однесуваат, а преку апликација ќе овозможат како може да се преземе проактивен пристап за ублажување на ризиците и симптомите на хроничните болести. На пример, апликацијата Movano може да ви каже како вашите навики на вежбање влијае на вашето спиење или HRV со тек на време.

За разлика од повеќето компании кои произведуваат преносни гаџети, Movano не ги сокрива амбициите еден ден да стане медицински дијагностички уред кој ќе биде одобрен за клиничка примена, па работат на задоволување на сите барања кои ги има американската Агенција за храна и лекови.

- Advertisement -

Првиот паметен прстен на компанијата нема да има „лиценца“ од Агенцијата, но тие работат на други опции кои ќе имаат ознака класа II и да додадат други медицински опции како неинвазивно следење на глукозата во крвта и крвниот притисок. За да го остварат тоа, компанијата прави клинички испитувања за својата технологија и алгоритмите, како и студии за прецизноста за да добие одобрение од Агенцијата за храна и лекови за следење на срцевиот ритам, SpO2 и студии за респираторна брзина.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Movano)

Сподели!
- Advertisement -