Центарот за современи уметности ја реализира „Среќна Нова Година Скопје“ – предновогодишна уметничко креативна акција, за на граѓаните на Скопје да им го долови новогодишниот дух и новогодишната магија како и да ги изненади и израдува ранливите категории деца на улица со новогодишни пакетчиња и слични подароци.
Новогодишно украсената „лада нива“, возејќи низ градот им дели новогодишни пакетчиња на децата од улица и други ранливи категории, а за некои од останатите деца ќе има и по еден скромен примерок на приказната „Девојчето со ќибритчињата“ од Ханс Кристијан Андерсен, „со желба преку оваа тажна приказна да ја поттикнеме нивната хуманост и солидарност и она што го имаат доколку се во можност да го споделат со своите врсниции и другарчиња кои немаат доволно“, велат од Центарот за современи уметности.
Акцијата која започна вчера, а ќе се одвива и денеска и утре, е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
(Meta.mk)
(фото: Центар за современи уметности)