Јутјубери го изградија најголемиот чекан на планетата

- Advertisement -

Тројца членови на YouTube каналот How Ridiculous, кои се познати по своите бизарни и екстравагантни експерименти, го направија најтешкиот чекан во светот Hulk. Чеканот се состои од 300 кг челик и како што велат, може да смачка буквално се што ќе му се најде на патот.

Со помош на инженери од DSM Consulting Engineers, јутјуберите го додадоа ова оружје за масовно уништување во својот обемен арсенал. Нивната најнова смртоносна „играчка“ е најголемиот чекан на планетата.

- Advertisement -

Чеканот е висок 6,7 метри и може да се подигне во исправена положба со помош на хидраулична рамка, а главата на чеканот, тешка 3 тони, може да уништи се со својата тежина.

Ако сакате да го видите чеканот на дело и како уништува се што ќе стават под него, погледнете го видеото во прилог.

- Advertisement -
(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -