Преставен КОВИД-пасош во форма на микрочип кој се вградува во раката

- Advertisement -

Шведски стартап претстави КОВИд-пасош во форма на микрочип и тврдат дека тоа е наједноставниот начин за пристап до информации за статусот на вакцинираните лица.

Стартапот Epicenter од Стокхолм го претстави новиот начин на носење на КОВИД-пасошите – вградени како микрочип под кожата на раката. Така импланитраниот пасош би можел да се отчита на кој било уред кој во себе содржи NFC (near-field communication) технологија, која се користи за бесконтактно плаќање и отклучување на врати без клучеви.

- Advertisement -

Шефот за дистрибуција на Epicentar, Ханс Сјоблад, во видео прикажа како функционира микрочипот на себесе, затоа што тој чип го има вградено под кожата на раката, а се што треба да направи е да помине со телефонот преку тој дел на ракат и ќе се покаже информација дека е вакциниран.

Имплантитие се многу сестрана технологија која може да се користи на различни начини и моментално е многу згодно да се има КОВИД-пасош секогаш при рака, вели Сјоблад во изјавата.

- Advertisement -

Вакцините против КОВИД-19 на крајот на минатата година почнаа да се дистрибуираат ширум светот, а во втората половина од годинава голем дел од земјите во светот воведоа КОВИД-пасоши или пропусници, без кои лушето не моќе да присуствуваат на одредени настани, да влегуваат во јавни институции или да патуваат надвор од земјите.

Epicenter сака информациите за КОВИД да ги направи што подостоапни. Нивниот микрочип се поставува под кожата или во подлактицата или помеѓу палецот и показалецот. Сјоблад вели дека постапката за имплантирање е целосно реверсибилна и дека нема потреба од посебна апликација на телефон.

- Advertisement -

(Daily Mail)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -