Компании во Велика Британија ќе им вградуваат чипови на своите вработени

- Advertisement -

Некои британски компании планираат да ги чипираат своите вработени за да ја зголемат сигурноста и да ги спречат да влегуваат во простории каде што не смеат. Чиповите ги развива шведската компанија Biohax, која е во преговори со неколку компании заинтересирани за уредите со големина на зрно ориз. Нивната цена е 150 фунти, а за чипирање моментално е најзаинтересирана една голема финансиска компанија.

„Секоја компанија има некои чувствителни информации. Нашиот чип не може да се изгуби, да испадне. Тој секогаш е тука и со негова помош може да се контролираат движењата на вработените“, велат од Biohax.

- Advertisement -

Во Шведска засега се чипирани околу 4.000 луѓе, од кои, на пример, 85 работат во туристичката агенција Tu. Микрочиповите се базираат на технологија која се користи во бесконтактните банкарски картички. Освен што ги спречува вработените да влегуваат во неовластени простории, може, на пример, да се користи за купување храна во менза, за влез во зграда, за пристап до печатачи итн.

Сподели!
- Advertisement -