НАСА го продолжи животниот век на Меѓународната вселенска станица за десетина години

- Advertisement -

Во пресрет на Новата година НАСА објави дека во договор со партнери одлучила да го продолжи животниот век на Меѓународната вселенска станица до 2030 година за да може да продолжат истражувањата кои моментално се вршат во единствената лабораторија во орбитата.

Меѓународната вселенска станица покажа дека е можна мирната, меѓународна научна соработка. Во текот на повеќе од 20 години станицата овозможи неверојатен научен, образовен и технолошки напредок за доброто на човештвото, изјави директорот на НАСА, Бил Нелсон. Тој додаде дека со продолжувањето на работата на станицата се овозможуваат иновации и конкурентност, но и развој на технологии за испраќање на луѓе повторно на Месечината, а потоа и на Марс.

- Advertisement -

Бидејќи се повеќе нации се активни во вселената, сега е побитно отколку кога било САД да продолжар со својата работа и да учествуваат во создавањето меѓународни партнерства и правила и норми за мирно и одговорно користење на вселената, додаде Нелсон.

Проектот за Меѓународната вселенска станица почнал во 1984 година, а првите модули биле лансирани во 1998 година. Меѓувладиниот договор за вселенската станица го потпишале 15 земји кои се вклучени во проектот (Канада, Јапонија, Русија, САД и 11 земји од ЕУ – Белгија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија).Првично било замислено станицата да остане во орбитата до крајот на 2024 година, но со продолжувањето на животниот век ќе може да функционира до крајот на оваа деценија.

- Advertisement -

Прашањето сега е дали земјите-потписнички на оригиналниот договор ќе сакаат толку долго да ја финансираат станицата. Имено, Русија веќе донесе одлука за повлекување од програмата за Меѓународната вселенска станица и почна со работа на сопствена вселенска станица. Сепак, земјата ќе учествува во одржувањето на станицата барем додека не биде готова нејзината нова станица.

Кина веќе почна да ја гради својата вселенска станица и докажа дека е функционална со престојот на првите астронаути таму.

- Advertisement -

Според информации, Меѓународната вселеска станица е најскапииот таков проект во светот досега. За нејзиниот развој и за функционирањето во текот на изминатите 20-ина години се потрошени повеќе од 150 милијарди долари. Според некои податоци, НАСА годишно троши од 3 до 4 милијарди долари за одржување и функционирање на станицата.

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -