Кои животински врсти се откриени во 2021 година?

- Advertisement -


Огнена морска ѕвезда, риба гитара и камуфлирано морско коњче се само некои од животинските врсти кои се откриени во 2021 година. Овие откритија не само што го збогатуваат нашето знаење за разноликоста на животинскиот свет, туку ја зајакнуваат и свеста колку е битно да се зачуваат ретките врсти од изумирање. Ова се некои од најинтересните откриени животински врсти.

Камуфлирано морско коњче

- Advertisement -

Ова морско животно живее поркај брегот на новозеландскиот регион Нортланд, на северот на Нов Зеланд. Го забележал ихтиологот Греам Шорт и му го дал официјалното име cylix tupareomanaia. Ова коњче не претставува само нова врста, туку спаѓа во целосно нов род на коњчиња.

Бубачка чурилкаровидна како велигденско јајце

- Advertisement -

Бубачката е пронајдена на планинските врвови на Филипините на надморска височина од 914 метри. долга е околу 13,5 мм и има уникатни шари кои чичат на традиционалната облека на староседелското племе Обу Мануву.

Огнена морска ѕвезда

- Advertisement -

Живее во близина на Велигденскиот Остров и има карактеристилчна жива портокалова боја. Како што објасни зоологот Кристофер Мах, морските ѕвезди особено се битни за зачувување на коралните гребени.

Скорпии качувачи

Лорен Еспосито и Арон Гудман идентификувале шест вида скорпии од Гватемала и Мексико кои се кријат во крошните на дрвјата.

Риба гитара

Ихтиологот Дејвид Еберт откри две нови врсти на рибите гитара, кои имаат сини пеги. Наречени се така затоа што имаат издолжени тела и плоснати глави кои личат на музичкиот инструмент гитара.

Водоземци кои личат на змија

Биолозите дискутирале за тоа дали на островот Сао Томе крај брегот на Централна Африка живее една или две врсти цецилијана, односно водоземци без екстремитети кои личат на змија.

(Klix.ba)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -