Кинеската лунарна станица ќе биде готова до 2027 година

- Advertisement -


Новиот план за кинеската мисија Chang’e 8 е новата лунарна база да се заврши 8 години порано од планираното, иако САД засега се на прво место во таа вселенска трка.

Лунарната мисија Chang’e 8 првично беше планирано да врши научни истражувања како 3Д печатење со лунарна прашина, но според новата цел , во фокусот е ставена изградба на истражувачка станица без човечки екипаж на површината на Месечината.

- Advertisement -

Не се познати деталите зошто се поместува првичниот рок од 2035 година, но надлежните открија дека мисијата е да се постави солидна основа за мирољубиво користење на ресурсите од Месечината.


Кинеската лунарна програма со години наназад се развива постепено, а кинеските власти постојано тврдат дека земјата не е заинтересирана за вселенската трка како таа што веше во време на Студената војна.

- Advertisement -

Промената на плановите на Кина може да е поврзана со планираното слетување на НАСА на Месечината во 2025 година. Програмата Artemis е многу сложена. Во рамките на програмата треба да се изгради градба слична на Меѓународната вселенска станица во орбитата на Месечината, која се проценува дека ќе чини околу 100 милијарди долари до 225 година. НАСА неодамна предупреди дека првото слетување на Месечината може да биде одложено поради технички или некои други предизвици.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -