Научници пронајдоа нов дел од човечкото тело

- Advertisement -


Група швајцарски научници пронајде нов дел од човечкото тело. Станува збор за трет слој мускули на долната вилица, кои досега не беа забележани. Тие мускули може да се забележат кога ќе се стиснат забите и ќе се стават прстите на образ, а неопходни се за џвакање храна. Овој слој мускули е откриен со истражување објавено во научното списание Annals of Anatomy.

Досега не биле биле идентификувани, односно не било анализирано дали воопшто постои трет слој масетерични мускули. Во истражувањето биле користени 12 глави од човечки тела, кои се чувани во формалдехид, а потоа биле сецирани. Со скенирање биле прегледани 16 човечки лешеви. Освен тоа, со магнетна резонанца биле прегледани глави на живи луѓе.

- Advertisement -

Откритието ги зачудило сите. Како што изјавил еден од истражувачите, професорот Јенс Кристоф од Универзитетот Базел, тоа го доживеале како откритие на целосно нова животинска врста. Според д-р Шилвији Мезеј, Која го предводела истражувањето, овој дел од мускулите веројатно ја стабилизира долната вилица и и овозможува да се враќа кон увото.

Ова откритие е доказ дека човекот не ја познава целосно својата анатомија.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -