Група научници од Јужна Кореја развија нова алатка која користејќи само светлина може да управува со човечките емоции, нивното однесување и нивните мисли. Како што открија за медиумите, т.н. онтогенска технологија, која ја нарекоа Opto-vTrap, тоа го може на хемиско ниво.
Од Институтот за темелни науки и корејскиот Институт за наука и технологија правеа студија која е објавена во списанието Neuron, каде што детално ги опишале компонентите и процесите кои се наоѓаат во позадина на технологијата.
Како што пишуваат, во текот на истражувањата техниката ја тестирале на глувци во лабораториски услови и откриле дека сината светлина може провремено да го контролира ослободувањето на невропреносниците, односно хемиските супстанции одговорни за комуникацијата меѓу невроните. Светлината поттикнува на собирање на везикулите (малите клеточни мембрани) во мозокот, што го оневозможува вообичаеното функционирање на невроните. Кога ќе се згасне светлината, невроните после околу еден час си ја враќаат нормалната функција.
Авторите на студијата ја истакнуваат важноста на понатамошните проучувања на клетките на мозокот за уште подобро да се запознае самото функционирање на мозокот. Што се однесува на примената на нивната алатка во пракса, сметаат дека најдобро би била искористена за истражување на мозокот, но и за потенцијално лекување на некои невролошки пореметувања во иднина. Како што велат, Opto-vTrap ќе може да помогне за мапирање на мозокот, но и за лекување на епилепсија, грчење на мускулите и останати невролошки пореметувања.
(Eurekalert)
(фото: Freepik)