Епл постигна историски рекорд, пазарна капитализација од 3 билиони долари

- Advertisement -

Епл стана првата компанија која на берзата достигна вредност од три билиони долари, а потоа денот го заврши под оваа граница.

Инвеститорите очекуваат дека произведувачот на мобилниот телефон Ајфон ќе продолжи да претставува привлечни производи додека се шири на пазарите за автоматизирани автомобили и за виртуелна реалност.

- Advertisement -

За време на првиот ден со тргување во 2022 година, една акција на компанијата од Силиконската долина достигна вредност од 182,88 долари, со што се подигна вредноста на целата компанија на над

3.000.000.000.000 долари е повеќе од годишното економско остварување на Велика Британија и нешто помалку од она на Германија. Никогаш досега една компанија не била толку високо ценета на берзата.

- Advertisement -

Подоцна цената на акцијата опадна за 2,5 отсто, на 182,01 долар, па пазарниот капитал на Епл го заврши денот на берзата на 2,99 билиона долари.

Највредната светска компанија очекува дека потрошувачите годинава ќе продолжат да купуваат Ајфон, Мекбук и сервиси како Епл ТВ и Епл мјузик.

- Advertisement -

Епл достига граница од два билиони долари заедно со Мајкрософт корпорацијата, која сега има вредност од околу 2,5 билиона долари.

Извор – Дојче Веле

Фото -Pixabay

Сподели!
- Advertisement -