Научниците ги создадоа најцврстите синтетички мускулни влакна

- Advertisement -

Научници создадоа нови синтетички влакна направени од мускули кои се поцврсти од кевлар. Влакната ги создадоа научници од Школата за инженеринг Меккелви на Универзитетот Вашингтон, а се направени од специјално дизајнирани микроби добиени од живо ткиво.

Нивната студија најпрвин беше објавена на 30 август во весникот Nature Communications. Новите влакна може да се плетат во многу цврста ткаенина и може да се користат за многу различни работи како врвци за чевли, ремени, па дури и за облека.

- Advertisement -

Производството на овие мускулни влакна ќе биде релативно евтино, вели професорот Фужонг Жанг, кој предава на Катедрата за енергија, животна средина и хемиски инженеринг.

Влакната се направени од супстанција наречена титин, која е една од трите главни протеински компоненти на мускулите. Титинот е релативно голема молекула која е клучна за механичките способности на влакната. Всушност, колку што е познато досега, титинот е најголемиот протеин во природата.

- Advertisement -

Пронаоѓањето начини за синтетизирање на протеинските влакна како титинот е предмет на многу студии изминатите години. На пример, научниците досега развиваа материјали слични на мускулите за да прават предмети како што се меки роботи.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -