Асоцијација за е-трговија воведува годишни награди за најдобрите е – трговци

- Advertisement -

„E-commerce Awards” (Награди во е-трговија) е нова иницијатива на Асоцијација за е-трговија во Македонија (АЕТМ) – со која ќе се наградат најдобрите во е – трговијата во земјава за 2021 година.

Како што соопштуваат од АЕТМ, најдобрите е – трговци ќе се одбираат во 18 категории поделени во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање и Најдобри е-продавници по сектори. Помеѓу категориите се: „Најпопуларна е-продавница”, „Е-продавница на годината за облека и обувки”, „Е-продавница на годината за бела техника и електроника”, „Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината” и др., а главната награда е резервирана за категоријата „Е-трговец на годината”.

- Advertisement -

Според Нина Ангеловска, претседател на АЕТМ, Организацијата на првите Ecommerce Awards (Награди во е-трговијата) е уште една иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија произлезена од мапирањето на состојбата со е-трговијата, слабостите и предизвиците, а е дел од препораките од сеопфатниот извештај од анализата на е-трговијата 2018 година.

Е-трговијата одигра исклучителна улога за време на пандемијата, а понудата постојано расте. Во првите шест месеци годинава се отворени над 200 нови е-продавници. Препознавањето на добрата работа е секогаш мотивација за уште подобра работа. Изборот за најдобри во е-трговијата, од една страна ќе ги препознае и награди најдобрите, ќе придонесе за промоција на е-трговијата и кревање на свеста за нејзиниот потенцијал, а од друга страна ќе придонесе за зајакнување на конкурентноста и охрабрување и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење, вели Ангеловска.

- Advertisement -

Пријавувањето на е-трговците е бесплатно и ќе може да се направи на следниот линк.

Ива Марковска, проектен менаџер на иницијативата Ecommerce Awards во АЕТМ посочува дека преку внимателно дизајниран процес и методологија по примерите на ваквите иницијативи од развиените земји, но со соодветни адаптации спрема нашиот пазар Ecommerce Awards 2021 ќе се одвива во неколку фази.

- Advertisement -

Процесот ќе започне со номинации и собирање апликации од е-трговци, кои ќе траат до 12 јануари 2022 година по што ќе следи објава на номинираните компании. Следните фази вклучуваат гласање од јавноста, како и гласање од жири комисијата која е внимателно одбрана и ќе се состои од стручни лица. Последната фаза ќе биде прогласување на победниците проследено со свечен настан кој ќе се одржи во март 2022 година, додава Марковска.

Иницијативата “E-commerce Awards” е поддржана од Masterkard како генерален партнер и од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ како главен поддржувач, а дополнително заинтересираните компании кои сакаат да придонесат во организацијата на оваа иницијатива ќе имаат можност да се вклучат како поддржувачи.

Пријавите за прибирање номинации се отворени. Компаниите кои сметаат дека треба да се најдат на листата на номинирани за гласање се поканети да пополнат пријава за учество најдоцна до 12 јануари 2022.

Сподели!
- Advertisement -