Белгиски научници бараат волонтери кои ќе „слушаат ѕвезди“

- Advertisement -


Белгиски научници бараат волонтери кои ќе ги „слушаат ѕвездите“ и ќе помогнат во откривањето и категоризацијата на нови ѕвезди и соѕвездија. На итнернет страницата која астрономите од белгискиот Универзитет Левен ја креираа за проектот AstroSounds пишува дека астрономијата не се состои само од набњудување, туку дека ѕвездите, како и музичките инструменти, можат да вибрираат и да создаваат звуци.

Научниците велат дека ќе бидат направени експерименти за да се утврди дали човечкото уво може да ги разликува звуците кои ги произведуваат ѕвездите. Тие додаваат дека одредени ѕвезди зо вибрирање може да произведат звуци како џиновски ѕвона, кои човечкото уво не може да ги слушне.

- Advertisement -

Како што објаснуваат, ѕвездите можат да вибрираат или да одекнуваат како џиновски ѕвона и иако човечкото уво не може директно да ги слушне, тоа може да биде видливо од промената на светлината која доаѓа од ѕвезвите, кои подоцна може да бидат претворени во звуци. На тој начин би можеле да се распознаваат ѕвездите.

„И ѕвездите, како Сонцето, се џиновски топки од гас. Имаат посебни карактеристики кои произведуваат посебни звуци. Ако повеќе луѓе слушаат различни топови ѕвезди можеме да откриеме колку е силно човечкото уво за анализа на податоците“ велат белгиските научници.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -