Новата линија 3Д печатени декорации на ИКЕА сега е достапна во Германија. Новата линија производи FLAMTRÄD вклучува декоративни предмети, а лидер на проекто бил Олаф Шукалович. Новите производи се направени со процес на индустриско 3Д печатење наречен селективно ласерско синтерување (SLS).
Линијата производи ќе биде дополнувана и се очекува целосно да биде лансирана во текот на овој месец. Предметите од линијата FLAMTRÄD чинат од 29,99 до 49,99 евра, што е малку повисока цена од вообичаените за ИКЕА, но многу пониска од сличните 3Д печатени производи од пред неколку години.
Наскоро линијата FLAMTRÄD ќе може да се најде и на други европски пазари. Ако тест маркетите во Германија покажат добри резултати, нема да застанеме таму, вели Шукалович.
„Има неколку иницијативи за адитивно производство (вид на 3Д печатење со кое се создаваат предмети со редење слоеви од прав) во различни ИКЕА организации. Некои имаат за цел да го подобрат внатрешното работење, а некои се насочени кон купувачите. Сите се во рана фаза и не може да се каже ништо конкретно“ вели Шукалович.
ИКЕА користи 3Д печатење и во партнерство со непрофитни организации како Access Israel и Milbat во рамките на проектот ThisAbles. Партнерите развија модели за 3Д печатени предмети со цел производите што ги продава ИКЕА да имаат попристапни цени. Некои од производите кои се прават во рамките на тој проект се рачките за фиоки, механизмите за стабилизрање на пружините итн. ThisAbles е можеби најголемата корпоративна иницијатива за помош на лицата со хендикеп преку користење 3Д печатење.
(Inhabitat)
(фото: IKEA)