„Акрон стакло“ рециклира отпадно стакло до прочистен стаклен гранулат, наменет исклучиво за извоз!

- Advertisement -

Стаклото може бесконечно да се рециклира, причина за тоа е неговата целосна 100% реупотребливост, но ако заврши во депониите потребни се 5000 години за да се разгради, притоа го зголемува и обемот на депониите, а под влијание на високи температури и горештини може да предизвика самозапалување на отпадот во нив.

Денес, единствената компанија за рециклирање на отпадно стакло во нашата држава е Акрон стакло. Зошто токму стаклото и како за кратко време станаа вистински пример за успешна компанија во својата област, вели Александар Пенев сопственикот и управител на Акрон стакло.

- Advertisement -

Фактот дека со децении кај нас стаклото не се рециклираше и завршуваше во депониите, беше пресудно да започнеме со реализација на проектот „Отпадно стакло“. Идејата беше да создадеме економски исплатливо решение за рециклирање на отпадното стакло. За таа цел секако ни беа потребни соодветни постројки и технологија, но и финансии за да ги покриеме трошоците. На почеток во 2017 година добивме поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој преку кофинансиран грант, што беше клучно за отпочнување со работа, но набргу потоа во 2018 година ја добивме поддршката и од приватниот инвестициски фонд -МИФ (Микро инвестициски фонд) кој инвестира во микро, мали и средни претпријатија, а со кој управува друштвото SPMG Capital. Тие го препознаа потенцијалот за раст на компанијата, особено компонентата која се однесува на подигање на еколошките стандарди во земјата. Со нивна помош обезбедивме средства за набавка на опрема за рециклирање со која се добиваат стаклени галети со премиум квалитет. Тоа резултираше директно во раст на приходите и во зголемување на пласманот на странските пазари во Европа, но и на американскиот пазар.

Денеска го третираме отпадното стакло и правиме готов производ, прочистен стаклен гранулат, којшто е наменет исклучиво за извоз. Имаме одржлив развој и успеавме да ги надминеме предизвиците од пандемијата.”

- Advertisement -

Она што во иднина се очекува од Акрон стакло е и отворање на наплатни пунктови низ поголемите градови во Македонија…

„Треба да бидеме што подостапни до граѓаните, на тој начин ќе се подигне свесноста и нивната  информираност за можностите за рециклирање, каде и на кој начин можат тоа да го направат. На пример, за да се ослободат од отпадно стакло, во депониите треба да платат на нивен товар надоместок, додека ако го однесат во отпадниот центар за рециклирање на стакло кај нас, а тоа е во кругот на поранешна Стакларница, можат да добијат соодветен надомест зависно од типот на стаклото. Третираме и амбалажно и рамно стакло од прозорци и врати. Прочистениот стаклен гранулат кој го добиваме со помош на нашите машини се извезува и се користи за производство на нова амбалажа и во некои случаи за производство на ентериерни материјали како вештачки мермери и плочки.

- Advertisement -

Според директивите на ЕУ, нашата држава треба да обезбеди над 60% од отпадното стакло да биде рециклирано и да не завршува на депонии. Стаклото е единствен амбалажен материјал што може неограничено да се рециклира и притоа да го задржи истиот квалитет.“

Акрон е вистински пример за домашна компанија која што има визија за раст, а притоа со своето работење придонесува и за подигнување на еколошките стандарди во земјата.

Иновативните идеи, поткрепени со современи технологии и одржлив бизнис модел, се мета на домашните и странски инвестициски фондови. Потребни се повеќе претприемачи како Акрон стакло, кои освојуваат нови пазари преку креирање на финални производи, што им овозможуваат повисока пазарна цена и конкурентност, а притоа придонесуваат за раст на економијата и за поголем број на работни места.

Сподели!
- Advertisement -