Илон Маск, основачот и шеф на SpaceX, на Twitter ја сподели својата нова визија за леталото Starship. Компанијата работи на уште еден инженерски проект за Starship да може да одат во вселената исто како да одат по некоја патека.
Кула за лансирање и фаќање е новата визија на SpaceX, а видеото од таа визија преку Twitter со јавноста го сподели Илон Маск. Видеото трае само 31 секунди, но на јавноста и дава увид во тоа како како ќе изгледа новата кула за слетување и полетување.
Кулата има механичка рака која ќе ги фаќа ракетите Falcon Heavy при враќањето на површината откако ќе го пренесат леталото Starship во вселената. Кулата моментално е во фаза на развој во погоните Starbase на Spacex во Тексас. SpaceX истовремено работи на испраќање на прототип на Starship во Земјината орбита по прв пат. Starship е замислен како повеќенаменско вселенско летало, односно за превоз на луѓе од Земјата до Месечината и до Марс, како и за пренос на товар помеѓу локации на Земјата.
SpaceX моментално чека лиценца за лансирање орбитална верзија на Starship од Американската воздухопловна агенција. Но, за да ја видиме кулата на дело ќе мора да почекаме подолго време, иако Маск веќе и даде име – Mechazilla.
(CNET)
(фото: Twitter)