Многумина не се свесни колку време поминуваат на телефон. Компанијата App Annie, која ги следи тие статистики, објави интересни податоци за навиките при користењето на смартфоните и аоликациите, кои го докажуваат она што добро го знаеме – дека сме како залепени за екраните на мобилните телефони.
Објавените податоци се однесуваат на минатата година и треба да напоменеме дека на однесувањето на испитаниците делумно влијаела и пандемијата. Според резултатите, корисниците на своите телефони просечно поминуваат 4,8 часа дневно. За некои пазари како корејскиот и бразилскиот тоа време е повеќе од 5 часа. .
Најголем дел од времето или 70% корисниците поминуваат на социјални мрежи или користат апликации за фотографирање и снимање видеа. Тука доминира TikTok. Ова воедно е и апликацијата која најмногу беше преземена на мобилни телефони во 2020 година. Корисниците на TikTok трошеле дури 90% од времето. Од App Annie предвидуваат дека во втората половина од годинава бројот на корисници на таа социјална мрежа ќе надмине 1,5 милијарди.
Објавените податоци покажуваат уште нешто – телевизијата за многу луѓе е во втор план, односно како што велат од App Annie, големиот екран полека умира, додека мобилните уреди согоруваат рекорди во сите категории – времето поминато на нив, преземањата и заработката.
Истражувањето покажало и дека минатата година биле лансирани околу 2 милиони нови апликации и игри, додека бројот на апликации кои заработуваат над 100 милиони долари пораснал за 20%. Се попопуларни се и мобилните игри, на кои корисниците потрошиле 16 милијарди долари, како и пазарот за огласување во апликациите, чија вредност минатата година достигнала речиси 300 милијарди долари.
(BBC)
(фото: Flickr)