Квебек ќе им наплаќа данок на невакцинираните

- Advertisement -


Властите на провинцијата Квебек во Канада одлучија да воведат здравствен данок за сите што одбиваат да се вакцинираат против корона вирусот без да имаат медицинско опревдание. Причината за тоа е што новиот бран на пандемијата ја преплави оваа канадска покраина.

Премиерот Франсоа Лего ја најави оваа нова мерка бидејќи Квебек пријавил 62 нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати од корона вирусот порасна на 12.028.

- Advertisement -

“Сите возрасни кои не сакаат да се вакцинираат ќе мора да плаќаст данок. Тие што одбиваат вакцинација се финансиски товар на болничкиот персонал и на сите жители на Квебек. 10 отсто од населението не може да оптоварува 90 отсто“ изјави Лего.

Ова следува по оставката на висок функционер во здравствениот сектор и се поголемиот бес поради новите мерки за карантин, пополнетите капацитети во болниците, како и бавната вакцинација.

- Advertisement -

Квебек минатата недела се најде на насловните страници во светот кога објави дека на купувачите во продавниците за канабис и во продавниците за пијалаци ќе им биде потребен доказ за вакцинација.

Но, додека другите канадски провинции ја забрзаа вакцинацијата против омикрон, Квебек дури неодамна дозволи вакцинација на постари од 40 години. Во Онтарио, пак, дури од скоро лицата постари од 18 години можат да примат бустер доза. .

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -